10 здравствени проблеми кои ќе ги излечите со ракија

Добрата стара ракија во нашите простори се смета за национален пијалак, а приказните за нејзиното лековито дејство се пренесуваат од колено на колено.

Шливката и лозовата се најпознати ракии, и како што кажува нивното име, тие се направени од сливи и винова лоза. Особено популарни се и ракиите со разни тревки, произведени со додавање на лековити билки, и слатките ракии со овошен додаток.

Со оглед на високиот процент на алкохол во ракијата, сепак, нејзината потрошувачка треба да биде претпазлива, но мала и навремена количина на ракија брзо ќе излечи одредени здравствени проблеми. Подолу ќе најдете листа на проблеми, кои нашите предци со децении успешно ги третираа со ракија.

1. Болка во желудникот

Дали јадевте тежок и мрсен оброк што предизвика болки во стомакот? Еден или два прста шливка, лозова или ракија со билки, веднаш ќе го смират.

2. Забоболка

Голтката ракија држете ја десетина секунди на болниот заб, вртете ја и потоа исплукајте. Повторете два-три пати со мал временски размер, за ракијата да не ви го надразни месото околу забот.

3. Болка во грлото

Ако болното грло или бактериско воспаление е предизвикано од инфекции на грлото, ракијата со неколку капки прополис успешно ќе го дезинфицира грлото. Исто така, ќе помогне да загреете чај од билки со неколку лажички ракија.

4. Болка во грбот

Со малку ракија лесно измасирајте го болниот и вкочанет грб. Повторете ја постапката по неколку часа. За оваа цел посебно се препорачува комовица, ракија која е направена од остатокот на грозјето по ферментацијата, но може да послужат и други видови на ракии.

5. Вкочанет врат

Исто како и со вкочанетиот грб, вкочанетоста на вратот може да се санира со овој вид на ракија на истиот начин.6. Болка кај ревматски заболувања

Меѓу луѓето заболени од артритис, масирањето со ракија често е средство за олеснување на болката во зглобовите.

7. Отоци

Ракијата е докажано дека ја лади кожата, така што добро функционира при отоци. Со ракијата може да го масирате отеченото место или да ставите ладен облог. Имајте на ум дека ракијата може да ја иритира кожата за неколку минути, па затоа накратко држете го облогот на отечениот дел од телото.

8. Лоша циркулација

Нашите баби и дедовци честопати после будењето наутро, со чашка ракија ја забрзуваа успорената утринска циркулација.

9. Уролошки проблеми

Ракијата со магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериските инфекции на уринарниот тракт.

10. Гадење додека се возите

Се разбира, овде ракијата им помага само на совозачите, затоа што возачите не треба да пијат за време додека возат. Многу возрасни луѓе мака мачат со гадење додека се возат, а ракијата ќе го реши овој проблем.

112 Shares