Погледнете како изгледа градник од милион долари

Прикажан е овогодинешниот Victoria’s Secret Fantasy градник и БОЖЕ МОЈ ! – Одлично сјае!

Victoria’s Secret го откри овогодинешниот Fantasy Bra градник и нејзиниот “ангел“ кој со гордост ќе го носи на најсекси модните писти во светот. Не мораме ни да кажеме колку е прекрасен … Елса Хоск е среќничката што ќе ја носи овој спектакуларен (милион долари вреден) градник на VS пистата, а на крајот од месецот брендот ќе започне да се лансира во своја поевтина верзија.

Според официјалното соопштение, на градникот има повеќе од 2.000 дијаманти, има повеќе од 70 карати, а неговата изработка траеше повеќе од 900 часа.
Вау, тоа се премногу сјајни камења, нели?

Обожавателките на Victoria’s Secret ќе можат да купат сличен (но многу поевтин) градник со кристали Сваровски, на крајот на ноември за околу 250 евра. Значи, ако сонувате за носење на овој прекрасен луксузен градник, може да го купите речиси истиот за многу помалку пари…

 

View this post on Instagram

 

💎💎💎💎💎💎

A post shared by elsa hosk (@hoskelsa) on

29-годишната Швеѓанка Елса Хоск, прв пат се прошета по патеките на VS во 2011 година, а титулата “Ангел“ ја доби во 2015 година. Не се сомневаме дека Елса е достојна да ги замени добро познатите “Ангели“ што го носеле веќе Fantasy Bra, меѓу кои се Адријана Лима , Алесандра Амбросио, Лаис Рибеиро, Лили Олдриџ и многу други.

5 Shares