Ја тепал старицата на улица, напомош дошол соседот (Видео)

Русин, кој една 88-годишна старица ја спасил од насилник кој ја прицврстил на земјата, бил казнет заради претепување на напаѓачот.

Леонид Шчепел мора да плати парична казна од 5000 рубљи затоа што го претепал насилникот кој ја нападнал својата соседка Клара Меламед на улица во градот Клинц во областа Брјанск.

Шчепел ја снимил целата ситуација и добил многу пофалби на социјалните мрежи за неговиот храбар чин.

Во насилен напад, Клара Меламед доживеа траума на главата и скршени ребра, ја дислоцира раката и изгуби неколку заби. И покрај тоа, насилникот го пријавил Шчепел во полиција, и тој бил осуден, според “Дејли Мејл”.

“Не ми е жал за она што го направив. Животот и здравјето на Клара се поважни од парите”, рече тој.

“Бев на балконот и видов како еден човек удира жена што врескаше. Го вклучив фотоапаратот и отидов да видам што се случува”, објасни тој.

Штом дошол на местото на злосторот, го удирал неколку пати со нозе во лице напаѓачот. “Ајде, бори се со мене, кучко, бори се со мене” , му велел тој. Напаѓачот не станал, само се влечел по подот, а Леонид се свртел кон старицата и ѝ помогнал да стане.

Судејќи според полицискиот извештај, 32-годишниот напаѓач бил пијан и влегол во погрешен стан. Кога тргна кон вратата, а старицата му отворила, мислел дека е натрапник и ја извадил надвор на улица и почнал да ја напаѓа.

Тој ќе биде два месеци во притвор додека истрагата е во тек.

4 Shares